Маџари се „одјави“: Ова е само почеток, ќе се вратиме уште помоќни

Маџари испиша историја откако оваа екипа во првата сезона во елитното друштво најпрвин влезе во плејофот, потоа во Топ 4, за на крајот да го елиминира лидерот ТФТ и да се избори за место во големото финале.

Таму беше поразен од МЗТ Скопје, но мора да се истакне дека Маџари настапи значително ослабен, без најдобриот кошаркар Џевон Грин кој заработи тешка повреда со ТФТ.

Сепак, „црно-белите“ предводени од одличниот стратег Миодраг Тодоровиќ покажаа и квалитет и карактер, па утрово се „одјавија“ со порака – дека оваа екипа ќе биде уште посилна во наредната сезона.

Сезона што засекогаш ќе остане запишана во историјата на КК Маџари!

Како дебитанти во Првата лига, многумина не знаеја што да очекуваат од нас… но ние покажавме дека Маџари не е само клуб-Маџари е карактер, борба и срце!❤️

Во текот на целата сезона овој тим покажа дека е вистински ТИМ!

Тим што не се предава.

Тим што се бори до последната секунда.

Тим што игра еден за друг и за грбот што го носи!👊

Бевме на висина на задачата кога беше најтешко, се боревме против сите предизвици и заедно испишавме една од најубавите приказни оваа сезона во македонската кошарка🫡

Најголема благодарност до нашата публика…

До сите што беа со нас во сала, на гостувања, во секој тежок момент и секоја победа. Вие не бевте само поддршка-вие бевте наш шести играч, наш ветер во грб и силата што нè туркаше напред кога беше најпотребно!🙌

Ова не е крај.

Ова е само почеток.

Летово ќе работиме уште посилно, ќе се подготвуваме уште повеќе и ќе се вратиме уште помоќни, погладни и помотивирани за нови предизвици!💪

Благодариме за сезоната што никогаш нема да ја заборавиме“, објави Маџари на официјалниот прифил на клубот.

Се вчитува...