Кошаркарите на Маџари стигнаа до голема победа во борбата за топ 4 во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Тиквеш со 97-100 во меч од 2. коло од делот кој разигрува за плеј-офот во Суперлигата.
Домаќините одлично го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа предност од 28-22. Во одличен ритам продолжија и во втората четвртина, па на полувреме кавадарчани имаа двоцифрено водство 51-41.
Во вториот дел избраниците на Миодраг Тодоровиќ одиграа многу подобро и на три минути до крајот успеаја да стигнат на негатива од само два поени 93-91 и да го внесат мечот во неизвесна завршница. Таму, Маџари одигра неверојатно и успеа да направи целосен пресврт и да слави со 97-100.
Џејвон Грин со 27 поени беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените 22 поени постигна Квинтон Минси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
