Маџунков: Златната лига треба да ни помогне да се воиграме за квалификациите за ЕП

Одбојкарската репрезентација на Македонија е во Струмица каде ги продолжува подготовките за настапот во европската Златна лига, но и во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година.

Средниот блокер на репрезентацијата, Филип Маџунков вели дека Златната лига треба да биде за воигрување за тоа што ги чека во квалификациите за ЕП.

„Треба да ги повториме резултатите во квалификациите за ЕП. За Златната лига ќе имаме еден период за воигрување, за запознавање со некои нови играчи, но сепак, акцентот ќе го ставиме на квалификациите во август. Секако дека и во Златната лига одиме на победа, но главно треба да ја искористиме оваа шанса да се вклопиме како екипа со новите играчи и со новиот селектор“, изјави Маџунков. 

Се вчитува...