Мадрид „гореше“, Атлетико се „пали“ пред Ливерпул (видео)

Атлетико Мадрид тргнува по скалпот на европскиот првак Ливерпул, предизвикот е огромен, но навивачите најдоа извонреден начин да ги мотивираат своите избраници.

Имено, знаејќи ја рутата на клупскиот автобус до „Ванда Метрополитано“, најверните приврзаници на мадридскиот клуб подготвија пиротехничко шоу, осветлувајќи ја во црвено улицата по која фудбалерите се движеа кон стадионот.

Нема сомнеж дека ова ќе биде само уште еден мотив плус за Атлетико да блесне во сиот свој сјај, да го совлада Ливерпул и на тој начин да им се оддолжи на навивачите.

 

Се вчитува...