Маестралниот Јокиќ недоволен за победа на Денвер, Дончиќ блиску до нов „трипл-дабл“

Денвер и Никола Јокиќ го забележаа четвртиот пораз во НБА лигата откако загубија на гостувањето кај Мемфис со 108-106. Српскиот центар беше предводник на тимот од Колорадо со 34 поени, 11 скока и 5 асистенции, а во спротивниот табор Џерен Џексон постигна 22 поени на кои додаде и 8 скока.

Дончиќ и Далас пак стигнаа до петиот триумф откако славеа на гостувањето кај Сан Антонио со 108-109. Словенецот повторно одигра „ол-ароунд“ натпревар во кој забележа 23 поени, 12 скока и 7 асистенции. Кај Сан Антонио Дејонте Мари постигна 23 поени, 9 скока и 8 асистенции.

Филаделфија му го нанесе вториот пораз на Чикаго откако славеше со 103-98. Сет Кари беше првото име кај домашниот тим со 22 поени и 5 скока, а на гостите не им помогна ниту расположениот Демар Дерозан кој постигна 37 поени и додаде 10 скока.

Во останатите натпревари Кливленд славеше над Портланд со 107-104, Индијана над Њујорк со 111-98, Бостон го доби Орландо со 79-92, Торонто славеше над Вашингтон со 100-109, Бруклин над Атланта со 117-108, Клиперс со 115-126 над Минесота, Голден Стејт го доби дуелот со Шарлот со 114-92 и Сакраменто беше подобар од Њу Орлеанс со 112-99.

Се вчитува...