Магдебург без важен играч ќе ја брани европската круна

Магдебург ќе биде ослабен на претстојниот фајналфор турнир од Лигата на Шампионите што почнува утре во Келн, по повредата што ја заработи Михаел Дамгард на бундеслигашиот дуел со Вецлар.

Данскиот ас се жалеше на повреда на рамото и мораше предвреме да го заврши мечот, а деталните прегледи покажаа дека проблемот е сериозен и искусниот лев бек го очекува подолга пауза од терените. Дамгард во следните денови ќе мора да биде опериран, по што ќе почне со рехабилитациска програма за да биде „фит“ за стартот на наредната натпреварувачка сезона.

Магдебург е актуелен европски првак, а одбраната на трофејот во Келн ќе ја почне со дуелот против Алборг закажан за утре со почеток во 15 часот.

Се вчитува...