Магдебург прв финалист во Европската лига

Екипата на Магдебург се пласираше во финалето на Европската лига, откако денеска во првото полуфинале во Лисабон го совлада тимот на Нексе со 34-29.

Хрватскиот вицепрвак имаше историска сезона во ЕЛ, но не можеше да парира со бундеслигашот кој што речиси во текот на целиот меч го имаше резултатот под контрола.

Лидерот во Бундеслигата имаше и падови во играта, особено после оние +6, дозволија противникот да дојде само на два гола. Меѓутоа во финишот Германците не дозволија никакво изненадување.

Муше со осум гола беше најпрецизен кај победничкиот тим, додека Јагањац во Нексе постигна девет, што беше и најефикасен на натпреварот.

Се вчитува...