Магдебург во последната секунда ја победи Барса во дербито во ЛШ

Магдебург триумфираше против  Барселона со 29-28 во дербито во Групата Б од Лигата на шампионите за израмнување на врвот во групата со каталонскиот тим.

Магдебург до победата дојде во крајно драматичен финиш со гол во последните секунди. Швеѓанецот Клар со шест гола беше најефикасен во редовите на германскиот тим.

Веспрем, пак, триумфираше на гостувањето против Монпеље со 31-37. Најефикасен во победата на гостите беше Ремили со седум погодоци.

Се вчитува...