Магдевски: Не е важно кој е најдобар, важно е дека победивме

Ја поведе Македонија кон првиот квалификациски триумф. Неговите 15.поени во првото полувреме, но и со одличниот настап во продолжението даде серизен придонес да ја победиме Италија, и да останеме во игра за местото кое води на Евробаскетот 2022.

Андреј Магдевски имаше блескава игра против топ-фаворитот. Веројатно и е најзаслужен што направивме еден сериозен пресврт, и една негатива од 16.поени во второто полувреме да ја претвориме во голема победа (87:78).

„Тежок натпревар, верувавме и покрај тоа што поведоа со двоцифрена  разлика. Не се предадовме, и на крајот дојдовме до посакуваната победа. Немаме време да славиме. Мора да се одмориме добро, и утре да дадеме максимум да дојдеме до нашата цел, а тоа е пласман на Европско првенство. Не е важно кој и како одиграл. Битно е дека игравме, дека се боревме како тим и дека извојувавме победа. Тоа е најважното“, изјави Магдевски. 

Магдевски, натпреварот го заврши со 20.поени и по 4. скока и исто толку асистенции.

Се вчитува...