Магичен меч на Кари за победа на Голден Стејт над Орландо (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт дојдоа до 16-тата победа во регуларниот дел од сезоната во НБА откако го совладаа тимот на Орландо Меџик со 121-115. Стив Кари беше незадржлив за гостинските кошаркари, завршувајќи го мечот со 36 постигнати поени.

Во првиот дел се играше цело време поен за поен, а клучната разлика беше направена во третиот период, кој Голден Стејт го доби со 32-26, за во последната домашниот тим не му дозволи на противникот да дојде до предност. Само на почетокот од последната четвртина беше „егал“, а потоа кога Голден Стејт го презеде водството, го задржа до крај.

Екипата на Шарлот ја одбрани честа на гостите во синоќешните НБА натпревари, совладувајќи го изненадувачки составот на Сакраменто и тоа на негов терен со 111-104. Розие беше најефикасен кај Шарлот со 34 поени. Гостите во последниот период направија голем пресврт, и од негатива стигнаа до предност во финишот од средбата.

Филаделфија благодарение на триото Ембид – Макси – Харис, славеше триумф над Чикаго со 110-97. Ембид дојде до трипл-дабл учинок откако забележа 31 поен, 15 скока и 10 асистенции. Првиот дел беше одлучувачки, откако на паузата домашните кошаркари заминаа со предност од 33 поени (73-42).

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија – Чикаго 110-97
Мемфис – Сан Антонио 106-98
Њу Орлеанс – Бруклин 112-85
Оклахома – Бостон 127-123
Голден Стејт – Орландо 121-115
Сакраменто – Шарлот 104-111

Се вчитува...