Американската компанија за спортска опрема „Најк“ ја претстави топката за следната сезона во Премиер-лигата. Новата топка која го доби името „Лет“ ќе се користи во сезоната 2020/2021. Таа ќе има нов дизјан, досега невиден на фудбалските терени кој ќе биде сличен со топката за голф.
Според „Најк“ концептот е да се сопре непредвидливото движење на топката по шутот на фудбалерите што е одлична вест за голманите, бидејќи нема да имаат проблем какви што имаа на Светското првенство 2010 во Јужна Африка со „Џабулани“. Новиот дизајн нема да дозволи, додека е во воздухот, топката поради ветерот да добие нагли движења кои значат големи проблеми за голманите, особено при слободни удари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА