Магија на Лука Дончиќ за која говори цела Америка (ВИДЕО)

Уште една НБА вечер помина во знакот на Лука Дончиќ. Словенечкиот ас со 47 поени го предводеше Далас до триумф над Хјустон, а притоа ги воодушеви и соиграчите и фановите со магичните потези па брзо стана и хит на социјалните мрежи.

На самото загревање Словенецот застана под кошот и високо ја фрли топката која удри во семафорот, но се одби назад во кошот и тоа од таблата, а подоцна во првата четвртина од средбата на добрата одбрана на Џабари Смит одговори со потег кој ретко се гледа на кошаркарските терени.

Се вчитува...