Магија на Манасков: Шут зад грб – во мрежата на Нант (видео)

Дејан Манасков уште еднаш покажа дека поседува извонредна ракометна фантазија постигнувајќи фантастичен погодок на дуелот со Нант во првото коло од Лигата на Шампионите. Македонското крило се вклучи како втор пивот на линијата, а потоа со извонреден удар од зад грбот го матираше голманот Димулан.

Веспрем како гостин го совлада Нант со 24-28 (полувреме 10-11), меч на кој и Лазаров и Манасков со по пет гола беа меѓу најдобрите поединци во своите екипи.

Погледнете ја мајсторијата на македонскиот репрезентативец на почетокот од новата сезсона во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...