Магија на Нејмар и триумф на ПСЖ против Тулуз

Пари Сен Жермен оствари нов триумф во францускиот шампионат, победувајќи на гости (0-1) минимално против Тулуз. Сега „светците“ имаат 13 бода предност на врвот на табелата пред второпласираниот Олимпик Марсеј.

Магијата на Нејмар беше доволна за нова победа на ПСЖ. Бразилецот во 68.минута во соло пробив ја надмудри одбраната на домаќините и постигна погодок што на крајот донесе и три бода.

Се вчитува...