Магнусен сензационално ќе стартува од пол на спринт-трката на Интерлагос

Данецот Кевин Магнусен изненадувачки ќе стартува од првата позиција на утрешната спринт трка која ќе се вози на патеката Интерлагос како дел од Големата награда на Бразил. На дождливите квалификации возачот на Хас стигна до сензационална пол-позиција пред утрешната трка.

Од првиот стартен ред заедно со Магнусен ќе стартува Макс Ферстапен во Ред Бул. Од вториот ред ќе тргнат Џорџ Расел во Мерцедес и Ландо Норис во Мекларен. Карлос Сајнц во Ферари ќе биде петти, додека неговиот колега Шарл Леклер ќе тргне од 10. позиција.

Од шестото до деветтото место се наоѓаат Окон, Алонсо, Хамилтон и Перез.

Се вчитува...