Мајами без решение за Бостон и тандемот Тејтум – Порзингис

Кошаркарите на Бостон дојдоа до победа на гостувањето кај Мајами со 106-110. Иако имаа водство во поголемиот тек од натпреварот, на крајот мораа добро да се намачат за да го обезбедат триумфот.

Само во првиот период се менуваа двата тима во водство, а потоа Бостон ја презеде иницијативата и водството, и го држеше до крајот. На момент во финишот Мајами стигна до негатива од два поени, но не успеа да направи целосен пресврт.

Тандемот Тејтум – Порзигинс беше нерешлива енигма за домашните, заедно постигнаа 51 поен, од кои Тејтум 26, додека Порзингис само поен помалку.

Се вчитува...