Мајами го победи Бостон, Дерик Роуз потсети на старите добри вемиња

Кошаркарите на Мајами остварија важна победа на гости против Бостон 130-124 во борбата за директно место во плејофот. Тимот од Флорида во моментов е шести со резултат 37-31, додека Селтикси се наоѓаат во плејоф-зоната, со резултат 35-33.

Мајами постигна неверојатни 79 поени во првото полувреме и замина на одмор со големи плус 26 и практично веќе тогаш го реши прашањето за победникот. Единствено што успеаја да направат Селтикси е да се спасат од срам и убедлив пораз, па до крајот на мечот го ублажија поразот.

Џими Батлер го предводеше Мајами со 26 поени, 8 скока и 11 асистенции, Данкан Робинсон додаде 22, Бам Адебајо 20 и Тревор Азира 19. Словенечкиот плејмејкер Зоран Драгиќ за 29 минути постигна 9 поени, 3 скока и 7 асистенции.

 

 

 

 

Победа на гости оствари и Њујорк во дуел против Клиперс, па крајниот резултат во Лос Анџелес заврши со 106-100. „Никс“ се четврти на истокот со 38-30, а Клиперси се трети во западната конференција со учинок 45-23.

Искусниот Дерик Роуз беше најдобар со 25 поени, со 6 скока и 8 асистенции, го следеше Реџи Булок со 24, ЕрJ Барет имаше 18, а Рендл имаше 14 поени, 14 скока и 5 асистенции.

 

 

Се вчитува...