Мајами Хит без Горан Драгиќ и во петтиот натпревар?

Словенецот Горан Драгиќ најверојатно нема да може да им помогне на своите соиграчи и во петтиот натпревар во финалната серија против ЛА Лејкерс. Финалната серија влезе во самата завршница, а Лос Анџелес Лејкерс се наоѓаат на една победа до освојување на 17. титула во НБА.

Патот до триумфот ќе им биде олеснет бидејќи Мајами Хит најверојатно нема да може да смета на услугите на одличниот плејмејкер. Словенечкиот кошаркар се повреди во првиот меч од финалната серија, а пред почетокот на четвртиот се загреваше, но не му беше дозволено од лекарскиот тим да настапи.

За потсетување ЛА Лејкерс имаат предност од 3-1, а петтиот меч на програмата е во ноќта помеѓу петок и сабота во 3 часот по полноќ.

Се вчитува...