Мајами славеше против Јута со 111-105 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.
Низ драматичен дуел Мајами имаше во еден момент и 27 поени предност, но Јута, пред се благодарение на Хрватот Бојан Богдановиќ во последната четвртина успеа да дојде на минус четири поени. Сепак, немаше сила за целосен пресврт.
Богдановиќ постигна 26 поени за Јута на тој начин станувајќи вториот Хрват кој ја минал границата од 8.000 поени во НБА лигата. Пред него е Тони Кукоч со 9810 поени.
Мајами до победата беа предводени од Тајлер Хиро со 27 поени, Данкан Робинсон со 22 поени и Ловри со 21 запишан поен.
ЛА Клиперс славеше против Минесота со 129-102. Пол Џорџ со 23 поени и Реџи Џексон со 21 ги предводеа Клиперс до осмата победа од 12 меча, а Ентони Едвардс со 21 поен беше најдобар кај Минесота.
Индијана славеше против Филаделфија со 118-113, Вашингтон на гостински терен го победи Орландо со 92-104 а Детроит на гости славеше против Торонто со 121-127. Во најнеизвесниот синоќешен меч Кливленд го победи Бостон со 91-89.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА