Мајами поразен и од Клиперс, Торонто подобар од Филаделфија (ВИДЕО)

На кошаркарите на Мајами дефинитивно не им годи Лос Анџелес, бидејќи откако изгубија од Лејкерс, тие синоќа доживеаја пораз и од Клиперс (112-109).

Пол Џорџ со 27 поени повторно беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Бем Адебајо со 30 поени.

Филаделфија доживеа изненадувачки пораз на домашен терен од Торонто Репторс 109-115. Фред ван Влит со 32 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 33 поени на Тајрис Мекси.

Во последниот меч од синоќешната понуда Индијана Пејсерс славеше на гостувањето кај Јута Џез со 100-111.

Се вчитува...