Мајами со јасен план – да се зачуваат Вејд и Хазлем

Претседателот на кошаркарските операции на Мајами, Пет Рајли изјави дека примарната цел на клубот е да се задржат Двејн Вејд и Јудонис Хазлем.

Вејд и Хазлем, најдобрите кошаркари на Мајами, уште не се обврзани со договор за наредната сезона. Медиумите шпекулираат за нивно заминување во Кина, по добиена богата финансиска понуда, но Рајли вели дека очекува да останат во Мајами.

„Хазлем останува сигурно, а за Вејд се уште немам прецизни информации. Но, мислам дека може да се договориме“ – вели Рајли.

Вејд со екипата од Флорида освои три шампионски прстени, во 2007 година беше МВП на финалето, додека бил дел од Олстар спектаклот дури 12 пати. Има и олимписко злато и бронза со репрезентацијата на САД.

Се вчитува...