Американскиот кошаркар Мајк Даум (29) се огласи на Инстаграм простувајќи се од дресот на Црвена звезда.
Даум имаше тешка сезона зад себе, бидејќи беше надвор од теренот поради повреда на коленото, по операцијата на која беше подлегнат минатата зима.
„Година 6: Во најмала рака, тешка година за мене лично. Оваа сезона не беше она што го замислував, но со гордост можам да кажам дека давав се од себе секој пат. Има две работи кои секогаш можете да ги контролирате, а тоа се вашиот став и работна етика. Горд сум на тие работи. Не можам доволно да ви се заблагодарам за можноста да претставувам еден од историски најзначајните клубови во Евролигата. Сакам да им се заблагодарам на сите тренери, соиграчи и вистинските навивачи кои не поддржуваа цело време. Животот има начин да ве стави токму онаму каде што треба да бидете“, напиша Даум.
Даум во Евролигата имаше просек од 5,9 поени и 2,7 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА