Мајк Џејмс „бега“ од Монако

Најдобриот стрелец на Евролигата, Мајк Џејмс бара начин да замине од Монако откако францускиот евролигаш го суспндираше на неодредено време поради конфликт во ресторан поради кој морала да интервенира и полицијата.

Џејмс не се согласува со одлуката па го контактирал и Здружението на кошаркари на Евролигата да најде начин да замине од клубот со кој има важечки договор со 2027 година.

Џејмс кој е добро познат по темпераментот е дел од Монако од 2021 година. Претходно настапуваше за ЦСКА Москва каде исто така влезе во конфликт со тренерот па мораше да го откупи својот договор бидејќи московјани повеќе не сметаа на неговите услуги.

Се вчитува...