Мајка му на Погба стана фудбалска функционерка

Фудбалската федерација на Гвинеја ја назначи Јео Mориба, мајката на Пол Погба за амбасадорка за женски фудбал. Раковотството на федерацијата верува дека таа и нејзиното комплетно фудбалско семејство ќе помогнат за развој на женскиот фудбал во оваа држава.

Мориба била репрезентативка на земјата пред да се пресели во Фрaнција каде што е роден Погба. Браќата на играчот на Манчестер Јунајтед се исто така фудбалери па затоа Фудбалската федерација на Гвинеја ги регрутира во обидот за поддршка на жеската репрезентација која досега нема пласман на ниту едно големо натпреварување.

Се вчитува...