Мајката на Роналдо преживеа мозочен удар

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо имаше бурна ноќ, откако беше обелоденето  дека неговата мајка во пет часот наутро била пренесена во болница откако имала мозочен удар.

Долорес Авеиро (65) итно е пренесена во болницата Др. Нелио Мендоза во Мадеира, а последните информации велат дека се наоѓа во стабилна состојба. Таа ќе биде задржана во болница како би и се направиле дополнителни тестови, кои ќе покажат во каква здравствена состојба се наоѓа и каков третман ќе биде неопходен во наредниот период.

За потсетување, таа на крајот на минатата година откри дека повторно и е дијагностициран рак. Долорес тешката болест ја победи во 2007 година, а Роналдо две години потоа во болницата во која се лечеше неговата мајка донираше 100.000 фунти.

Се вчитува...