Мајкл Џонсон комплетно ќе се опорави од мозочниот удар

Четирикратниот олимписки шампион, Мајкл Џонсон е во многу подобра здравствена состојба, неколку дена по мини-мозочниот удар. 50-годишниот американски атлетичар кој своевремено беше најбрзиот човек на 200 метри  и на 400 метри веќе направил значаен прогрес во заздравувањето.

„Добрите вести се дека сум дома со моето семејство, немам проблеми со срцето и веќе направив голем напредок кон комплетно опоравување“ – напиша Џонсон на Твитер.

Мајкл Џонсон, кој сега работи како стручен телевизиски аналитичар стана првиот спринтер кој ги освоил титулите на 200 метри и на 400 метри на едни олимписки игри. Тоа му успеа на Игрите во Атланта во 1996 година, во 2000 година во Сиднеј ја одбрани титулата на 400 метри и се повлече од атлетиката.

Се вчитува...