Со натпреварот меѓу Мајорка и Реал Мадрид вечерва беше заокружено 28. коло од шпанската Примера. „Кралевите“ потешко од очекуваното го скршија отпорот на гостите, но на крај успеаја да слават убедлива победа од 0-3 за зголемување на предноста на лидерското место во Ла Лига.
Откако првото полувреме не донесе голови и некакви посебни возбудувања, Карим Бензема асистираше за гол на Винисиус Јуниор и отворање на резултатот во 55. минута. До крајот на натпреварот Бензема постигна уште два гола, најпрвин во 76., а потоа и во 82. минута.
По ваквиот исход Реал сега има десет бода повеќе од второпласираната Севиља. „Кралевите“ направија уште еден чекор напред во реализирање на „мисијата“ за освојвуање на лидерската позиција и трофеојт во шпанската Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА