Мајстор на снукерот – Селби ја одбрани титулата светски шампион

Марк Селби ја потврди својата доминација во снукерот откако ја одбрани титулата светски шампион на првенството што традиционално се одржува во Шефилд. Тој стана само четврти играч во историјата што успеал две години по ред да стигнува до големиот трофеј, повторувајќи го достигнувањето што претходно им има успеано само на Хендри, Дејвис и на Рони О’Саливен.

Селби во големото финале имаше достоен ривал во Џон Хигинс, особено откако неговиот ривал делуваше одлично во поголемиот дел од вчерашниот ден, водејќи и со 10-4 во фрејмови. Сепак, Селби најпрвин намали на 10-7 доцна во ноќта, за денеска да ја продолжи својата серија и апсолутно заслужено да стигне до титулата со конечна победа од 18-15 во фрејмови.

Кога првиот ден заврши со 10-7 бев презадоволен, денеска се чувствував многу подобро. При 10-4 помислив дека ако веќе губам, тоа треба да го направам борејќи се, и го сторив токму тоа, се борев до последниот момент од ова финале. Имав и среќа бидејќи Хигинс самиот промаши неколку удари, но на крајот чувството е фантастично“ – изјави Селби по големата победа, трета титула светски шампион во неговата кариера.

Се вчитува...