Мајсторија на Дибала – Интер е во нокдаун

Интер е нокаутиран во второто полувреме од гостувањето против Јувентус, откако „нероаѕурите“ во период од десетина минути примија два гола од актуелниот првак на Италија.

Рамзи го отвори резултатот, а на 2-0 зголеми Пауло Дибала со мајсторски погодок по асистенцијата на велшкиот интернационалец. Аргентинецот влезе во игра на местото на Коста и веднаш остави своја трага врз дербито, елегантно се ослободи од Јанг, за потоа велемајсторски да ја смести топката во долниот агол од голот на Хандановиќ.

Се вчитува...