Мајсторија на Дончиќ за неверување: „Ни сам не знам како тоа го изведов…“ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ во осмиот меч сезонава повторно постигна повеќе од 30 поени. Во триумфот од 111-110 над Торонто, кошаркарот на Далас запиша 35 поени и на тој начин стана првиот кошаркар по Вилт Чемберлен (1959 и 1962 година) кој на стартот од сезоната во првите осум меча постигнал 30 или повеќе поени.

Натпреварот го одбележаа два неверојатни потези на 23-годишниот Словенец – асистенција по удвојување и погодок после мајсторски дриблинг со шут од свртување.

„Дали ја мина топката меѓу нозе најмалку осум пати? Тоа само тој го може. Неговите потези ги изненадуваат сите, а мислам дека се изненадува и самиот тој“ – истакна тренерот на Далас, Џејсон Кид.

„Да, некогаш се изненадувам и самиот себе. Не знам како го изведов тоа, беше навистина тежок шут. Сите зборуваат за тоа“ – изјави Дончиќ, кој со 36 поени просечно е најдобар стрелец во НБА лигата.

Се вчитува...