Мајсторијата на Парехо недоволна за победа на Валенсија (ВИДЕО)

Валенсија повторно не успеа да стигне до целиот плен, откако ремизираше со Депортиво Алавес (1-1) во првиот натпревар од 27. коло во шпанската Ла лига. Гостите поведоа во 34. минута со феномеалниот гол од слободен удар на Даниел Парехо. Сепак „лилјаците“ не успеаја да издржат и да запишат три бода, откако во 73. минута Мендез ги постави конечните 1-1.

Со освоениот бод Валенсија останува на 7. позиција на првенствената табела со 42 освоени бода, односно три помалку од четвртопласираниот Хетафе, но и со натпревар повеќе од него. Депортиво Алавес остануваат 11. со 32 бода.

Standings provided by Sofascore LiveScore

 

Се вчитува...