МАЈСТОРИШТЕ: Ножички на Роналдо, Буфон не ни мрдна

Реал Мадрид е на прагот на полуфиналето од Лигата на шампионите откако на половина од второто полувреме постигна и втор погодок, за водство од 0-2.

Стрелец повторно Кристијано Роналдо, но овојпат со мајсторија, ножички од повеќе од десет метри по кои Буфон не се ни помрдна, немоќно гледајќи како топката завршува во неговата мрежа. За Португалецот ова е 14. погодок на деветтиот меч во ЛШ сезонава, уште еден доказ за неговата неверојатна форма кога се во прашање средбите од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...