Мајсторовиќ успешно опериран, следи пауза од десетина дена

Кошаркарот на МЗТ Скопје, Ѓорѓе Мајсторовиќ, во следните десетина дека ќе биде вон строј откако вчера успешно ја санираше скршеницата на носот. Повредата ја заработи во претходниот првенствен меч против Блокотехна, при самиот почеток на средбата.

Отсуството на српскиот центар значи дополнителни проблеми за Жељко Лукајиќ, особено пред завршницата на Купот на Македонија која треба да се одржи од 16. до 18. февруари. Покрај Мајсторотвиќ, српскиот стратег веќе подолго време не може да смета и на Марко Симоновски.

До средбата со Фени индустри (16. февруари) во четвртфиналето од Купот, „металци“ претходно ќе треба да одиграат два меча. Првата средба е утре, против Куманово на домашен терен со почеток од 18:00 часот, додека гостувањето кај Будуќност во рамките од АБА лигата е закажано за во недела (11. февруари).

Се вчитува...