Мајсторски гол на Барселона само што почна мечот со Валенсија (ВИДЕО)

Барселона ослабена го дочека денешниот натпревар од 24. коло во шпанската Ла Лига против Валенсија.

Поради суспензија на клупата го нема ниту Чави, но очигледно е дека добро ја подготвил екипата за натпреварот кој почна на најдобар можен начин за нив.

Каталонците офанзивно почнаа од самиот почеток, за да во 15. минута биде приредена вистински мајсторска акција која ја отсликува играта на Барселона. Серхио Бускетс одлично асистираше за Рафиња кој уфрлувајќи се во гостинскиот шеснаесетник мајсторски погоди со глава за водство од 1-0.

Се вчитува...