Мајсторски гол на Ејупи…, Тричко и Мојсов со победа се враќаат од Ирска (ВИДЕО)

Музафер Ејупи е еден од најзаслужните за победата на Осијек од 2-0 во првиот натпревар против швајцарски Луцерн од 2. квалификациско коло во Лигата на Европа.

Ејупи во 66. минута го донесе хрватскиот тим до водство од 1-0 со прекрасен погодок со глава, по проигрувањето на Боцкај директно од аут…

Осијек до крајот со голот на Грезда заокружи на 2-0, па со убава предност ќе патува на реваншот во Швајцарија за седум дена.

А, со предност реваншот ќе го стартуваат и Иван Тричковски и Даниел Мојсов кои со победа од 0-1 за АЕК Ларнака се враќаат од гостувањето против Корк сити во Р. Ирска. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Трулос во 70. минута од средбата.

Тричковски одигра 84 минути на натпреварот, додека Мојсов беше во текот на сите 90 минути во одбраната на Кипраните.

Се вчитува...