Мајсторски гол на Тричковски: Го реши дербито на Кипар… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го реши дербито на Кипар во 4. коло од шампионатот. АЕК Ларнака славеше против АЕЛ Лимасол со 2-1 благодарение токму на мајсторскиот гол на Тричковски во 68. минута.

Претходно, АЕЛ постигна гол за водство од 1-0 во 24. минута, а потоа Маркис израмни на 1-1 пред крајот на првото полувреме.

Ова е веќе трет гол за Иван Тричковски во само четвртиот натпревар сезонава на Кипар.

Се вчитува...