Макаби ја изненади Барселона, АСВЕЛ подобар од Химки

Макаби Тел Авив ја совлада Барселона со 67-68 во „евролигашкиот класик“. Гостите од Израел подобро го отворија мечот и по првите десет минути имаа предност од 12-17. До полувремето Каталонците се вратија во мечот и на пауза заминаа со предност од 32-30. Второто полувреме продолжи во егал, а на крајот гостите подобро се снајдоа за триумф од 67-68.

Драган Бендер со 15 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Хигинс со 16 поени.

АСВЕЛ со одлично второ полувреме успеа да стигне до победа против рускиот Химки од 90-84. Русите по првото полувреме имаа водство од осум поени (43-51), разлика која со одлична игра во вторите 20 минути домаќините успеаја да ја анулираат и на крајот да стигнат до нова победа во елитното натпреварување. Јабуселе со 20 поени беше најдобар кај АСВЕЛ, додека кај Химки залудни беа 26 поени на Букер.

Се вчитува...