Макаби ја продолжи агонијата на Химки во Евролигата

Макаби Тел Авив ја продолжи агонијата на руски Химки нанесувајќи му нов пораз сезонава овој пат по продолженија 87-89. Првото полувреме беше израмнето, а на пауза гостите заминаа со предност од плус три (33-36). Второто полувреме продолжи во егал, а Швед со звукот на сирената не успеа да погоди тројка за победа, по што натпреварот замина во продолженија. Во продолженијата подобро се снајдоа гостите и успеаја да стигнат до триумф од 87-89.

Во победничкиот табор одличен меч одигра Тајлер Дорси кој уфрли 23 поени од кои дури 7 пати биеше прецизно од линијата за три поени. Во домашниот тим се истакна Алексеј Швед  со 32 поени, надополнети со 11 асистенции и 2 скока, додека Грег Монро мечот го заврши со 15 поени и 6 скока.

Се вчитува...