Макаби му го нанесе четвртиот пораз на Армани во Евролигата

Кошаркарите на Макаби Тел Авив со триумф 98-90 се враќаат од Милано на готувањето кај Армани, во петтото коло од кошаркарската Евролига.

Израелскиот тим со пресврт успеа да слави победа, откако во првата четвртина екипата од Милано одлично отвори ос предност од 32-25. Во еден миг Италијанците имаа предност и од 10 поени разлика, но тогаш почнува нивниот пад, односно одличната игра на Макаби која на полувреме замина само со -2.

Во третиот период го направија пресвртот и дојдоа до предност која не ја испуштаа до самиот крај. Иако Армани се доближуваше блиску, сепак, Макаби секогаш наоѓаше начин да „избега“ и на крајот да слави триумф.

За Армани ова беше четвртиот пораз по ред, трет во серија, додека Макаби дојде до третата победа во Евролигата.

Се вчитува...