Трансферот на Александар Качаниклиќ од Хамерби во Хајдук изминативе неколку денови предизвика вистинска „драма“ во хрватските и шведските медиуми.
29-годишниот Качаниклиќ, кој е со македонско потекло а во минатото имаше и неколку обиди да заигра за македонската репрезентација но никогаш успешни, под непознати околности се пресели од Хамерби во Хајдук. Од ракововодството на Хајдук тврдеа дека засилувањето е донесено без отштета со договор до јуни 2024 година, но сето тоа за шведските медиуми го негираа од Хамерби кои тврдеа дека добиле отштета, за која се шпекулираше дека 750.000 евра.
На крајот, сепак, откриено е дека Качаниклиќ стигнал во Хајдук без ниту едно евро исплата за Хамерби, а самиот фудбалер ќе добие плата од нешто помалку од 200.000 евра годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА