Македонецот Волкановски ја откри својата цел: Наскоро борба со Конор МекГрегор!

Австралискиот борец со македонско потекло, Александар Волкановски, актуелен шампион во УФЦ во перолесна категорија, како што вели сака да биде запаметен како еден од најдобрите во ова натпреварување за што ќе му бидат потребни трофеи во две категроии

Волкановски се подготвива за враќање во октагонот планирано за следниот месец, но размислува и за свои долгорочни планови меѓу кои е и борба со Конор МекГрегор.

„Сакам да останам во перолесна категорија, дури и ако одам во потешка категорија. Сакам да бидам двоен шампион, да држам две титули“ – вели Волкановски.

Волкановски на 9. април треба најпрво да ја одбрани титулата против Чан Сунг Јунг на УФЦ 273, а победата во оваа битка ќе го однесе кон трет дуел со Макс Холовеј. Потоа би сакал и двобој со Мекгрегор, кој беше двоен шампион.

„Конор е мојот сон. Конор е непоразен во перо категорија и победата над него во оваа категорија ќе значи нешто“ – вели популарниот Алекс.

И Конор МекГрегор најави дека сака враќање во октагонот, но во моментов се опоравува од скршеницата на ногата, па се уште не е јасно кога ќе може повторно да се бори.

Се вчитува...