Македонија без претставник во женската Лига на шампиони!

Македонија во следната сезона ќе биде без учесник во ракометната Лига на шампионите во женска конкуренција. ЖРК Вардар како актуелен македонски шампион не пријави екипа за настап во ЛШ. Вардарки пет години по ред настапуваа во најелитното европско натпреварување и беа дел од Ф4 турнирот во Будимпешта на кој во полседните две години играа и финале. Но, по егзодусот во клубот од кој на крајот на сезоната си заминаа поголем дел од ракометарките и одлуката на раководството да продолжи со млади домашни играчи, следниот чекор од Вардар беше откажување на настапот во европските купови.

За разлика од женскиот, машкиот тим на Вардар пријави учество и од следната сезона повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите. Постои шанса, во ЛШ во машка конкуренција, Македонија да има уште еден претсавник доколку ЕХФ го прифати барањето на Металург за настап со вајлд-карта.

Рокот за пријавување на екипите во Лигата на шампионите беш-е до денеска и како што ни потврдија од РФМ, во ЕХФ е доставена пријата од Вардар и барањето за вајлд-карта од Металург.

Рокот за пријавување на екипите што избориле право за настап во другите европски купови е до 22 јуни.

Се вчитува...