Македонија денеска ќе ги добие противниците за СП 2023

Ракометната репрезентација на Македонија денеска во Катовице ќе ги добие противниците за пласман на Светското првенство кое ќе се одржува на почетокот на следната година, а домаќини ќе бидат Полска и Шведска.

„Црвено-жолтите“ на ждрепката се наоаѓаат во вториот барабан заедно со: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора и Полска што значи дека овие репрезентации не можат да бидат наши противници во првата фаза на шампионатот. Според практиката на ЕХФ, ждрепката е полудиригирана, па веќе е јасно дека Македонија нема да игра во групите Б и Г, во Катовице, односно во Јончепинг.

Полјаците ќе играат во Катовице, Швеѓаните во Гетеборг, а Јончепинг е зафатен затоа што таму е сместена Хрватска. Шпанија и Норвешка се во двете групи во Краков, Германија е во втората група во Катовице, Исланд е во Кристијанштад, а Данска во Малме.

Ждрепката е закажана со почеток во 17 часот.

БАРАБАН 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1

БАРАБАН 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија

БАРАБАН 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3

БАРАБАН 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, САД, Холандија, Словенија

„А“ ГРУПА: (Краков, Полска) – Шпанија, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Б“ ГРУПА: (Катовице, Полска) – Франција/Афрка 1, Полска, 3 шешир, 4 шешир
„Ц“ ГРУПА: (Гетеборг, Шведска) – Шведска, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Д“ ГРУПА: (Кристијанштат, Шведска) – Исланд, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Е“ ГРУПА: (Катовице, Полска) – Германија, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Ф“ ГРУПА: (Краков, Полска) – Норвешка, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Г“ ГРУПА: (Јоншепинг, Шведска) – Франција/Африка 1, Хрватска, 3 шешир, 4 шешир
„Х“ ГРУПА: (Малме, Шведска) – Данска, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир

Се вчитува...