Македонија, домаќин на квалификациска група за У19 во футсал

Репрезентацијата на Македонија за футсал играчи до 19 години денеска ги доби противниците за квалификациите за наредниот европски шампионат што ќе се одржи во Летонија од 8 до 14 септември 2019 година.

„Црвено-жолтите“ за противници ќе ги имаат селекциите на Белгија, Романија и Украина, но шансите за пласман на ЕП се минимални ако се знае дека виза за Рига обезбедуваат само победниците од седумте групи, заедно со домаќинот Летонија.

Се вчитува...