Ракометната федерација на Македонија ќе биде домаќин и организатор на 23. Медитеранско првенство за мажи, кое ќе се одржи од 18 до 25 април 2027 година во Скопје.
Извршниот комитет на Медитеранската ракометна конфедерација (МХЦ), на седницата одржана на 27 август 2026 година, едногласно донесе одлука организацијата на шампионатот да и биде доделена на Македонија.
На првенството право на настап ќе имаат ракометари родени во 2010 година и помлади.
Доделувањето на организацијата претставува уште една потврда за довербата во Ракометната федерација на Македонија и нејзините организациски капацитети за реализација на меѓународни ракометни натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
