Македонија ЃП го промовираше Дејан Блажевски

Искусниот напаѓач Дејан Блажевски во новата сезона ќе го носи дресот на Македонија ЃП. „Лавовите“ во него добија големо засилување, а тој вели дека е подготвен да му помогне на тимот во остварување на целите.

„Македонија Ѓорче Петров е одличен тим со супер услови за работа. Доаѓам во Ѓорче да дадам максимум од моите капацитети и искуство и да му помогнам на тимот во исполнување на претстојните предизвици, а тоа се нови заеднички успеси и што повисока заслужена позиција на табелата”, истакнува Дејан Блажевски.

Македонија ЃП во првото коло од новата сезона ќе му гостува на Вардар, некогашниот тим на Блажевски.

Се вчитува...