Македонија ЃП означи старт на подготовките, прекината соработката со петмина играчи

Екипата на Македонија ЃП денеска на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров, ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната. „Лавовите“ тргнаа со доста промени во играчкиот кадар, а ново име во стручниот штаб е кондицискиот тренер Петар Костовски кој досега работеше во Работнички.

Клубот се раздели со петмина играчи: Абу Камара, Балша Бановиќ, Димитри Димитриевски, Кристијан Ивановски и Филип Костовски нема да бидат дел од ѓорчепетровци во останатиот дел од сезоната.

 

Клубот засега нема официјализирано ниту едно ново име во своите редови, а тоа ќе се случува во следните неколку дена.

Екипата неколку дена ќе се подготвува во Скопје, а потоа експедицијата заминува на подготовки во Турција.

Се вчитува...