Македонија ЃП потпиша професионален договор со Филип Алексовски

Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров промовираше уште еден млад фудбалер кој добива професионален договор со клубот. После Емини и Воша, нов член на сениорскиот тим на Македонија ЃП е и Филип Алексовски.

Ѓорчепетровци оваа зима ангажираа уште две нови засилувања, Филип Петров и Мартин Ковачев. Амбициите на клубот за вториот дел од сезоната се повторно да излезе на европска сцена.

Се вчитува...