Македонија ЃП со Петров и Ковачев ги почна подготовките, си замина Демир

Македонија Ѓорче Петров со две нови имиња, под водство на тренерот Наџи Шенсои ги почна подготовките за пролетниот дел од шампионатот.

Повратник во клубот е крилниот офанзивец Филип Петров, кој минатата година настапуваше за велешки Борец, како и искусниот бугарски дефанзивец Мартин Ковачев.

Од екипата заминаа неколку помлади фудбалери, како и стандардниот првотимец Бенјамин Демир кој има неколку понуди од странство за продолжување на кариерата.

Се вчитува...