Македонија ЃП загуби и од Черно Море на вториот тест во Анталија

Фудбалерите на Македонија ЃП го доживеаја и вториот пораз на вториот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Составот на Наџи Шенсои овој пат загуби од бугарскиот прволигаш Черно Море со 2-3 (1-2).

На натпреварот кој се одигра на спортскиот комплекс „Голд сити“ во Аланија, Бугарите имаа водство од 2-0 и 3-1, а „лавовите“ само ја ублажуваа предноста на противникот. Стрелци на головите за Македонија ЃП беа Дејан Блажевски во 33. минута и Ален Јашаровски во 88. минута.

Претходно, во првиот контролен дуел, Македонија ЃП загуби убедливо со 0-5 од украинската Олександрија.

Головите од денешната пресметка меѓу Македонија ЃП и Черно Море може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...